Како настанала модерната вилушка и зошто има токму 4 запци: Од непотребен предмет до кујнска икона

Историја на секојдневните предмети

Денес е незаменлив дел од секоја трпеза, но вилушката некогаш била сметана за чуден и непотребен предмет. Нејзиниот денешен изглед е резултат на векови усовршување.

Вилушката што ја користиме денес има долга и интересна историја. Првите форми се појавиле уште во античко време, а во Европа почнале пошироко да се користат во средниот век. На почетокот најчесто имале само два запци и служеле за држење на храната, а не за јадење.

Со текот на времето, вилушката станала дел од културата на јадење, особено кај европската аристократија. Современиот облик со четири запци се развил затоа што овозможувал полесно прободување и подобро задржување на храната.

Причината што денес најчесто има токму четири запци е практичноста. Две или три запци не биле доволно стабилни за различни видови храна, додека повеќе од четири ја правеле вилушката потешка и помалку удобна за користење.

Иако постојат специјални вилушки со различен број запци за риба, месо или десерти, класичната трпезариска вилушка останала со четири. Нејзиниот дизајн е едноставно решение кое со векови се покажало како најфункционално.

pexels – viluski

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе