Како денешните телевизори влијаат на модерниот концепт на уредување на домот

Кога одлучувате како да го декорирате вашиот дом, важно е да ја имате предвид модерната технологијата, и како таа влијае на стилот и функцијата на секоја соба. Пазарот изобилува со најразлични модерни уреди кои постојано се подобруваат и ни обезбедуваат зголемена функционалност и квалитет.

Со развојот на технологијата, телевизорите стануваат се потенки и потенки, и постојано се тежнее квалитетот на сликата и звукот да се доведат до соршенство. Затоа е неминовно кога размислуваме за тоа како сакаме да го уредиме својот дом, изборот на телевизор да биде посебно прашање на кое ќе му се посветиме.

Samsung OLED телевизорите се совршен избор за оние кои сакаат да имаат особено модерен дом опремен со најактуелните, софистицирани и мултифункционални уреди. Овие телевизори, кои ќе ги задоволат потребите на модерниот начин на живот, доаѓаат во различни големини и секој од нив се карактеризира со супериорни перформанси, висока резолуција за најситните детали за сликата.

Апсолутната убавина на минимализмот

Поради нивните исклучителни перформанси и модерен дизајн, Samsung OLED ја претставуваат нова ера во развојот на телевизорите со феноменална технологија на големиот екран. Нивната тенка конструкција, заедно со неверојатната слика и квалитет на бојата, ги прават совршен избор за вашиот модерен ентериер.

Моделите на OLED телевизорите за 2023, 77″ OLED 4K S95C и 55″S90C OLED 4K HDR Smart TV, како и QLED телевизорите 65″ QN900C Neo QLED 8K HDR Smart TV, 65″QN800C Neo QLED 8K HDR Smart TV, и 55″QN90C Neo QLED 4K HDR Smart TV го претставуваат последниот крик на иновативните технологии за најпосакуваните телевизори, кои совршено ќе се вклопат со секој ентериер и ќе ви овозможат целосно да уживаат во брилијантните детали на екранот додека дополнително го разубавуваат вашиот дом, а со тоа и секојдневието.

Нивниот префинет и елегантен изглед ги прави уникатно убави и смели, а минималистичката рамка, тенкиот и рамен заден профил ќе го направат вашиот дом повпечатлив и ќе му додадат беспрекорен шмек.

Неверојатен квалитет на сликата

OLED технологијата обезбедува живописни бои и детални слики кои изгледаат неверојатно реалистично, како и исклучително длабоката црна боја и неограничен контраст што уште повеќе ги истакнува боите и деталите на екранот.

Технологијата Quantum Dot е одговорна за природно светла и колоритна слика, совршено темна и чиста бела боја, а уживањето во омилените филмови и ТВ-содржини ќе ви го овозможи најинтелигентниот процесор Samsung досега, кој воедно ќе ве восхити со целосната моќ на 4K. Samsung Neural Quantum процесорот овозможува прикажување на целата содржина со најголема прецизност и беспрекорен квалитет на сликата за најдобро доживување при гледањето.

Супериорниот квалитет на сликата се должи на 20 специјализирани невронски мрежи кои автоматски ја прилагодуваат осветленоста, го подобруваат контрастот и извлекуваат врвна резолуција. Било каде прев вашиот телевизор ќе можете да седите без да се грижите дека нема да гледате добро, бидејќи од кој било агол ќе ја видите целата акција и секој брилијантен детал без никаков одблесок кој би ви го одвлекол вниманието.

Со Dolby Atmos ќе имате искуство како да сте во концертна сала кога е во прашање акустиката, бидејќи оваа технологија го носи звучното искуство на повисоко ниво.

Она што е особено интересно е што уникатниот режим EyeComfort на Samsung однапред го вчитува локалното време на зајдисонце и изгрејсонце, со што екранот автоматски соодветно ги приспособува осветленоста и боите за подобро искуство за вашите очи и целосно опуштање.

Врвна естетика за ентериерот во сечиј дом

Модерните OLED телевизори на Samsung доаѓаат со широк спектар на опции за монтирање кои дополнително ќе ја зголемат естетската вредност на просторијата. Монтирањето на ѕид не само што ќе ослободи простор на подот, туку и ќе придонесе и за разубавување на просторијата.

Зглобните држачи овозможуваат разновидно позиционирање, додека пак сталаците додаваат шмек на елеганција на просторот.

Без разлика дали вашиот дом го краси ентериер со модерен минималистички дизајн, класичен дизајн, или пак сте можеби фасцинирани од футуристичките трендови, нема дилема дека OLED телевизорите на Samsung ќе ги задоволат вашите апетити и желби за уредување на домот.

Дури и можат да ја имаат улогата на трасирање на насоката на дизајнот кога уредувате, реновирате или едноставно го менувате делумно ентериерот.

Samsung OLED – 17 години глобален број 1 телевизор!

Токму така, на глобално ниво Samsung OLED телевизорите се прогласувани за број 1 еден телевизори 17 години по ред. Нивниот неодолив дизајн, сеопфатната паметна платформа, изненадувачки добриот звучен систем и мноштвото високотехнолошки карактеристики за игри само ја зголемуваат привлечноста.

Новиот 77″ OLED 4K S95C телевизор ги остави без зборови верните следачи на најновите технологии за телевизори, како и своите најпребирливи клиенти, за што сведочат и бројните признанија кои овој телевизор ги реди.

Онлајн-публикацијата TechRadar го препорачува со своите максимални 5* како Editor’s Choice, додека пак, реномираната платформа Expert Reviews му го прикачи епитетот Best Buy.

Од Trusted Reviews, за 77″ OLED 4K S95C велат:

Претпоставувавме да биде подобрен во споредба со неговиот претходник. Но, не можевме да претпоставиме дека тие подобрувања ќе бидат толку интензивни и толку добро контролирани од најновиот AI процесор на Samsung.

Како заклучок, модерните телевизори на денешницата се значаен и незаменлив дел од дизајнот на ентериерите. Со својот тенок и елегантен дизајн, интеграцијата со технологијата за паметни домови и способноста да служат како точка на фокус во домот, тие со сигурност ја подигнат целокупната естетика и функционалност на просторот, а OLED телевизорот на Samsung е секако лидер во ваквите трендови.

Повеќе информации за производите прочитајте на следните линкови:
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95c-77-inch-oled-4k-smart-tv-qe77s95catxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s90c-55-inch-qe55s90catxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn900c-65-inch-neo-qled-8k-smart-tv-qe65qn900ctxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn800c-65-inch-neo-qled-8k-smart-tv-qe65qn800ctxxh/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.