Ентериер: Семејна оаза за уживање (ФОТО)

Оаза за вистинско уживање на едно семејство

Ви го претставуваме проектот за стан со површина од 110 м2 во Тетово, на младата архитектка Ивана Лазаровска, чија цел била да создаде простор за дом што, освен функционалност, ќе обезбеди услови за уживање на домашните.

Архитектка Ивана Лазаровскa,
„Ентериери Лазаровски“, студио за дизајн и изработка на мебел

Првото нешто што нѐ поздравува на влезот е импресивниот ходник. Како што може да видите од самите слики-рендери, не станува збор за класичен ходник, туку за вистинско катче за уживање во омилената книга, пијалак со пријател или само долг разговор…

Внимателно одбрани удобни и стилски фотелји, мала геометриска клуб-маса, декоративно бојадисување со геометриски мотив во златна нијанса и разиграна библиотека во бетонски декор, која се простира на целата површина на челниот ѕид.

Овој шармантен дом го карактеризира преградниот впечатлив стакларник со црна метална рамка меѓу ходникот и централниот простор на домот, каде што во отворен план е креирана пространа зона во која комуницираат дневната, трпезаријата и кујната, вклопени во една целина за незаборавни мигови во семејството.

Коралната боја на трпезариските столчиња и зелениот панел кај кујната даваат посебна нота на пријатна, топла, домашна атмосфера.

Кујната се одликува со чисти линии, дизајн што е одговор на потребата за функционалност и естетика. Комбинацијата од антрицид, мермер и дрвен декор е тоа што донесе полно срце радост кај клиентите.

Свежи тонови за детската соба, за инспирација на креативноста и амбицијата кај младото момче.

Бањата со карактеристичните плочки терацо-декор и смелиот колор е финалната нота во овој дом, менувајќи го концептот на стандардното живеење.

Оаза за вистинско уживање на едно семејство.

Текст: Home Style

Фото: Приватна архива

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време