ЕНТЕРИЕР: Луксузен дуплекс со машки карактер

Лиценцираното архитектонско студио за проектирање и изведба на архитектонски проекти „Баулаб“ во декември во Скопје финализира воодушевувачки дуплекс Bachelor flat со површина од 80м2. Станот е работен во vintage-industrial стил, а архитектите имаа задача да се ускладат сите барања, a притоа да не се нарушат естетиката и отменоста што ги нуди секој двовисински простор во еден архитектонски концепт

Игор Василевски е реномиран дипломиран архитект и сопственик на архитектонско студио „Баулаб“. Во неговото дваесетгодишно искуство е добитник на голем број награди и признанија. Автор е на над 200 проекти во областа на архитектурата. Посветеноста и аналитичноста во сите детали во архитектурата се негово главно мото.

Игор Василевски, дипломиран архитект и сопственик на архитектонско студио „Баулаб“

Во станбена зграда спроти „Сити мол“, на улицата Лондонска во општината Карпош, се сретнавме со простор во кој клиентот имаше барање да оформиме нестандарден простор во кој ќе треба да преовладува индустрискиот дизајн, со уникатни парчиња мебел кај ТВ-комодата, масичката во дневниот простор, кујната од дрво со кожен аксесоар и амбиенталната спална соба, во која гардеробата и бањата се од отворен тип. Затекнатата состојба предвидуваше непотребно многу преградни ѕидови, кои ние ги отстранивме и за таа цел создадовме отворен простор, во кој максимално се искористува целата квадратура, а во меѓукатната конструкција кај скалишниот отвор создадовме стаклен под, кој дополнително придонесува за поголемо количество светлина во просторот и за оригиналност во овој дуплекс.

Во овој апартман ги третиравме ѕидовите, плафоните и подовите, за да придонесеме за посакуваниот vintage-industrial стил. На пример, долното ниво, партерот е обработен од масивно дрво паркет, со шеврон-шара на редење, ѕидот во дневната е од гитер-тула, на која е прикачена бигова мрежа, плафонот е од натур-бетон, а горниот кат е третиран со црн епоксиден под. Главното електрично осветлување е со спот-светла поставени на шини на плафонот, преку кои се регулира правецот на осветлување, а интензитетот се регулира со дифузери. Дополнително на ѕидовите се поставени амбиентални спот-светла, кои даваат акцент на некоја ѕидна техника или некоја уметничка слика.

Оригиналните ентериери секогаш се одликуваат со некој посебен третман во делот на обработката на ѕидовите, подовите, плафоните што ќе го направат некарактеристичен и уникатен просторот што го обликувате. Распоредот на внатрешните ѕидови и скалила не ги задоволуваше потребите на инвеститорот и поради тоа извршивме промена во постојните преградни ѕидови, кои ги отстранивме од просторот, а во делот кај скалилата поставивме транспарентен под од калено стакло, поддржан на челична потконструкција, со што ја акцентиравме волуменозноста на просторот што го нуди двовисинскиот простор. Скалилата се еден вид топла врска меѓу двете нивоа што ги третиравме со масивно дрво во конструктивниот дел, односно на газиштата и зеленило во потскалишниот простор.

На горното ниво, каде што се наоѓаат спалната соба и бањата, употребивме декоративна ѕидна техника, која создава шара на ѕидовите и со тоа просторот го прави уникатен. Подот на горното ниво е од епоксид, кој дава една чистина и рефлексија на елементите од ентериерот. Мебелот во целиот еентериер мораше да го третираме како неповторлив, односно поентата беше да биде направен наменски, костумизиран само за во тој простор. Тоа се забележува во дизајнот уште од самиот влез, каде што ќе го сретнете чевларничето, преку кујната изработена од дрво и кожена галантерија во делот на аксесорисот, преку клупската маса и помошната маса во дневниот простор, па до ТВ-комодата и библиотеката, кои се изработени во комбинација од масивно дрво и фрагменти од водоводни цевки. Горното ниво има сличен третман, кој се гледа преку кабинетот за ниско гардеробирање, главната гардероба е предвидена од стакло и железна потконструкција и треба да создава една транспарентност, па преку бањата, која се одликува со едно големо парче од масивно дрво поставено централно во бањата и служи како потпора за мијалникот, но и површина на која се става тоалетен аксесорис.

HOME STYLE ИМПРЕСИИ

Целта на овој проект е остварена, бидејќи покрај задоволниот клиент од проектот, истиот наиде на позитивна реакција на социјалните медиуми, а го привлече и нашето внимание. Можеме да потврдиме дека лиценцираното  архитектонско студио за проектирање и изведба на архитектонски проекти „Баулаб“ со своите услуги целосно ги има интегрирано во професионални современи цели, со фокус на дизајнот во делот на индивидуалното домување, јавните површини со урбана опрема и општествените објекти.

Проект: Ентериерно уредување за стан „Bachelor flat“

Автори на проект: Игор Василевски + Ана Ивановска

Фирма: БАУЛАБ

Седиште: Скопје, Македонија

Контакт:+389 78 378357

mail: info@baulab.mk

web: www.baulab.mk

Адреса: Булевар Илинден 83/1-15 Скопје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.