Џорџ купил стара камена куќа во која никој не живеел 50 години: Она што го направил од неа е чиста фантазија!

Неверојатно!

Како изгледа кога некој ќе претвори стара камена куќа во дом од бајките – погледнете во ова прекрасно видео што воодушеви многумина

Денес ви ја пренесуваме приказната за реновирање куќа која со децении служела како депонија за стари автомобили.

Џорџ Дунет купил стара камена куќа во 2020 година и во рок од две години, од неа направил дом од бајките. Прво, целосно ја исчистил куќата која со децении служела како депонија за стари автомобили, а потоа во неа вовел струја, вода и започнал процес на малтерисување и бојосување.

По поправката на покривот, вградил покривен прозорец, кој внел светлина во малата куќа, што ѝ дало прозрачност и свежина. Бидејќи ѕидовите биле стари и склони на мувла, овој човек вложил многу во внатрешна изолација на ѕидовите, со помош на стиропор и гипсени плочи.

Дрвениот под во боја на бука дополнително го збогатил просторот, а буката одлично одела со каменот, кој доминирал во куќата.

Џорџ во видеото открива дека уживал во процесот на реновирање, но и дека тоа било исклучително скап процес. Иако е убаво да се обнови нешто толку старо, сепак, многумина се согласуваат дека полесно е да се изгради куќа од темел отколку да се поправа стара градба.

Погледнете како куќата изгледала некогаш, а како изгледа сега…

Како ви се допаѓа изгледот на оваа куќа?

Изгубила сè што имала во земјотрес, а потоа направила куќа што остава без зборови: За среќа е потребно малку
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.