Дали сте подготвени за пролетен исчекор во ентериерот?

Нашите предлози нека ве водат во пролетното уредување на вашиот дом

ВО ЦАРСТВОТО НА ТАПЕТИТЕ

Главни предности на хартиените тапети се најниска цена, долготрајност и голем избор на пазарот. Обични хартиени тапети се поставуваат само во суви простории и не смее да се мијат, додека пластифицираните може да се лепат и во влажни простории и се мијат. Текстот продолжува по огласот…

Нивна главна предност е отпорноста на истегнување – поради што се препорачливи за ѕидови со мали пукнатини, како и едноставното одлепување и можноста за повеќекратна употреба.

БЕЗВРЕМЕНСКИ КЛАСИК

Едно поконкретно пругасто парче како фотелја ќе внесе динамика во минималистички уреден дом, но затоа пругите би требало да се исфрлат од рустикално уредените простори, во кои мебелот е доволно декоративен сам по себе. Пругите секогаш треба да бидат детаљ, бидејќи ако ги има на секое парче мебел и декорација ќе го направат просторот хаотичен.

ШИК И ПРЕФИНЕТО

Како да се разубави амбиентот само со еден детаљ?

Додајте подна ламба во својот простор!

Скролувајте за продолжение на содржината…

За шик и префинето чувство во ентериерот сигурно нема да погрешите ако се одлучите за ламба со завршна обработка од: злато, месинг, бакар, сребро или не’рѓосувачки челик.

ДОЗА ЛУКСУЗ

Теписите често се истакнуваат како еден од најбитните елементи во ентериерот, со оглед на тоа што имаат моќ комплетно да ги променат изгледот и карактерот на просторијата.

Значи, доколку сакате во која било просторија да внесете доза луксуз, тепихот е еден од сојузниците на кои можете да се потпрете.

ИНСПИРАЦИЈА ВО ПРИРОДАТА

Домот го прават интересен токму деталите во него. Керамиката, како најфункционален украс во домот, доаѓа во разни облици – геометриски, во вид на декоративни садови, овошки, но кога има и функционална функција, тогаш знаеме дека претставува одлично парче за просторот.

 

 

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.