5 идеи за уредување на балконот: Максимално уживање со минимален влог!

Одличен предлог

Направете си дневна соба на отворено и уживајте на балконот во текот на долгите пролетни и летни денови

Доколку сте љубител на отворен простор, никако не дозволувајте балконот да ви остане неискористен.

Правило број еден оваа пролет е: балконот не е шпајз, балконот е за уживање!

Луѓето што живеат во станови, често го користат балконот како шпајз, бидејќи немаат доволно простор. Па така, на терасите често може да најдете велосипеди, колички, стари обувки, плакарче со алат… На тие работи не им е местото на балконот. Овој дел од станот мора да биде најубав, бидејќи тука е за да уживате во него.

Ви предлагаме 5 идеи како да го преуредите балконот со минимален влог…

1. Сè што ви треба е цвеќе, столче и маса

Не мора да купувате нови столчиња или гарнитура за седење. На постоечката гарнитура додајте ѝ удобни перници, ќебенце за ладните ноќи, ставете простирка на подот за да можете да газите по плочките со боси нозе, а собното цвеќе преместете го на тераса. Вака ќе ја проширите дневната соба без дополнителни инвестиции. Ќе ви годи вам а ќе му годи и на вашето собно цвеќе!

2. Малите тераси се вистинско богатство – искористете го секој агол

И малата тераса може феноменално да ви послужи. Сè што треба да направите е внимателно да го распоредите мебелот. Наш предлог е да најдете дрвени палети, да ги бојосате во боја што го штити дрвото и да ги ставите на терасата да „глумат“ фотелја и масичка. Набавете перници и навлаки кои лесно можете да ги внесете внатре за време на врнежливите денови. Додајте ламбички од новогодишните декорации, неколку саксии сезонско цвеќе и уживајте.

3. Заштитете ја вашата приватност

Оградата на балконот задолжително обложете ја со трска која ќе придонесе за романтичен изглед на терасата, но ќе ја сочува и вашата приватност. Ролни слама за тераса можете да купите на стоваришта за градежен материјал, но и во продавници што продаваат сè за дом и градина.

4. Балконот е вистински рај за љубителите на цвеќиња

Во секоја расположлива саксија насадете цвеќе, најдете лежалка, сместете ја во вашиот мал рај и максимално уживајте во него.

5. Градина во срцето

Дали знаете дека може да се одгледува зеленчук и овошје на тераса? Шери домати, босилек, рдоква, салата, зачински билки, јагоди, боровинки… Сè што ќе посакате можете да го посадите на балконот наместо цвеќиња, а плодовите ќе можете да ги наберете до доцна есен.

Декорации за балкон за максимално уживање
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.