4 работи што треба да ги исчистите пред да ви дојдат гости дома

Обрнете внимание

Доколку сакате убаво да ги пречекате гостите, задолжително исчистете ги овие 4 простории

Без разлика дали гостите ви доаѓаат ненадејно или ви се најавиле неколку недели претходно, ова се шесте работи што мора да ги исчистите пред да ви дојдат дома…

Влезот

Иако овој дел од домот честопати се занемарува при чистењето, влезот е првото нешто што гостите го гледаат кога ќе пристигнат.

„Чистиот влез е добра презентација на остатокот од домот – сè се врти околу првиот впечаток“, вели Вера Петерсон, претседателка на компанијата „Моли Мејд“.

Задолжително обрнете внимание дали е избришана прашината од плакарите и дали има доволно простор за гостите да ги закачат своите јакни.

Бањата

Како често користен дел од домот, важно е да се погрижите вашата бања да биде чиста за гостите. Дали имате доволно тоалетна хартија? Дали туш-кабината е чиста за гостите што треба да преноќат? Имајте предвид дека некој сигурно ќе влезе за да ги измие рацете ако ништо друго. Задолжително исчистете ја тоалетната школка и мијалникот, пребришете го подот, променете ги крпите за раце, измијте го делот каде што стои сапунот, наполнете го плакарот со ролни тоалетна хартија и фрлете го ѓубрето од кантата.

Гостинската соба

Оваа соба нека биде опремена со минимум работи за да можете брзо и лесно да ја средите ако некој ви доаѓа на гости. Оваа собра мора да се пребрише, пререди и проветри ако не се користи. Веднаш наместете им постелнина на гостите што ќе преноќат, за да можат да се раскомотат ако сакаат.

Кујната

Кујната е срцето на вашиот дом и местото каде што гостите ќе се собираат за да видат дали можат да ви помогнат, да си стават пијалак или да фрлат ѓубре, па подгответе ја добро. Измијте ги садовите и ставете ги во шкафчиња, отстранете ги вишокот тегли и чиничиња, пребришете ги сите површини и фрлете го ѓубрето.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе