3 видови најоотпорно балконско цвеќе: Жештината не им може нешто, цутат како луди!

Нега на цвеќиња

Има ли нешто поубаво од балкон полн со разнобојно цвеќе? Ако и вие сакате да направите бајка на терасата, наш совет е да ги посадите овие видови цвеќиња

Ви откриваме кои 3 видови балконско цвеќе им успеваат на сите и одлично ги поднесуваат жештините.

Кадифка

Еден од најпопуларните летни цветови и поради неговата убавина и поради тоа што не е тежок за одгледување. Без разлика во каква земја сте ги посадиле овие цветници, тие ќе успеат. Кадифката е балконско цвеќе што трае цело лето. Го има во нијанси на жолта и портокалова, а цветовите може да бидат едноставни или полни.

Сардела

Овој вид цвеќе е исто така познат по својата отпорност. Се карактеризира со исправени меснати цветови со темнозелени листови, кои на рабовите имаат карактеристичен темнозелен прстен. Сарделите се наоѓаат во бела, жолта, розова, црвена, виолетова и портокалова нијанса. За да растат, им треба сончево место, но заштитено од директното попладневно сонце, како и пропустлив супстрат. За да расте убаво, задолжително отстранувајте ги овенатите светови и пожолтените листови, за да не се развијат болести. Редовно полевајте ги, но треба да го оставите супстратот да се исуши помеѓу две полевања.

Петунија

Ова е еден од најпознатите видови за уредување на балконот. Оваа препознатлива цветна убавица може да се најде во многу форми и бои на цветовите: бела, жолта, розова, виолетова, сина и црвена, а може да биде и двобојна. Цути од јуни до септември, а ѝ треба живеалиште со полуладовина и пропустлив, хумусен супстрат. Поради нејзините нежни цветови, треба да внимавате да не е премногу изложена на ветер. Негувајте ги петуниите со редовно полевање и со прихранување со ѓубриво што содржи низок процент на азот и повеќе фосфор, за да цутат билките обилно. Во вториот дел од летото, можете да ги скастрите билките на 20 см од нивото на земјиштето, добро прихранете ги и повторно ќе цутат до есен.

Ова цвеќе расте како лудо во текот на целото лето: Не му треба посебна нега, им успева дури и на почетниците!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.