3 трикови што ќе ја претворат вашата тераса во место од бајките: Поминете го летото во ваша лична романтична оаза!

Балкон од соништата

Летото е време за балкон, а ние ви претставуваме три работи со кои можете да ја трансформирате вашата тераса во вистинска оаза, во која ќе уживате

Со неколку едноставни трикови и без многу пари, можете потполно да го преобразите вашиот балконски простор за кратко време.

Притоа, три работи се клучни: билки, осветлување и убав текстил.

Ако живеете во стан со балкон, тие дополнителни квадрати можете и тоа како да ги искористите налето. Балконот е како дополнителна соба и вистински луксуз, особено во топлите месеци. Со правилни совети за опремување, тој дел од вашиот стан може да стане вистинска оаза за мир и уживање. Балконот не би требало да биде без овие работи…

1. Цвеќе и други билки

Билките се неопходни на балконот. Создаваат прекрасен амбиент, служат како заштита од љубопитни погледи и едноставно нѐ прават среќни! Балконските билки обично се многу робусни, а луѓето што мислат дека не можат да се грижат за растенија, ќе се изненадат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balcony Concepts (@balcony_concepts)


Зачинските билки многу добро успеваат на балкон. Билките како што е власецот се речиси неуништливи. Ниту студените температури не му пречат. Освен тоа, билките како мајчина душица, рузмарин, оригано или нане се идеални. При купувањето, обрнете внимание на зборот „издржливост“, за да не мора да се грижите за балконските билки ни во постудените ноќи. Кога на почеток на мај ќе завршат ладните вечери, можете да садите и шарено летно цвеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balcony Concepts (@balcony_concepts)

2. Осветлување

Кога ќе падне ноќ, не мора да се повлекувате внатре во станот. Со убави светла, атмосферски светилки и романтични лампиони, темниот балкон за миг ќе стане удобна оаза на мир и опуштање. Па затоа, на ниту еден балкон не смее да му недостига светлина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balcony Concepts (@balcony_concepts)


Со соодветно осветлување, можете удобно да се стуткате во покривка и да уживате во ноќта. Синџири со низа светилки во боја можете да купите во многу продавници за релативно малку пари, исто како и разни фенери, свеќи, ламби, висечки светилки…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balcony Concepts (@balcony_concepts)

3. Перници, ќебе, тепих…

Освен билки и светло, меките перници за столчиња, украсните перничиња, ќебињата за посвежите вечери, играат пресудна улога на балконот кога станува збор за удобноста и создавањето убава атмосфера. Тепихот на отворено дава чувство на сигурност и добро се наоѓа кога сте боси на балконот.


Шарените перничиња и убавите покривачи се повеќе од украсни елементи: му даваат шмек на надворешниот простор и прават да се чувствувате уште покомфорно. А кога навечер ќе залади, покривачот може убаво да ве згрее. За големите балкони, исто така, одлични се и подните перници или ѕидните украси од макраме. Поиграјте се со материјалите и дезените и ќе видите каков одличен ефект може да постигне текстилот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balcony Concepts (@balcony_concepts)

Со малку труд, претворете ја терасата во вистинска оаза за уживање: Најдовме 10 прекрасни идеи за уредување!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време