Практични совети како да го исчистите станот така што резултатите ќе бидат видливи во текот на целата недела
Многу луѓе забележуваат дека по чистењето, следниот ден повторно имаат неред во домот. Проблемот честопати не е само во чистењето, туку во навиките и деталите што создаваат постојан позадински извор на нечистотии.
1. Обувки во станот
Дури и навидум чистите обувки носат прашина, песок и бактерии.
Како да го поправите ова: Воведете правило да не се влегува внатре со обувки и обезбедете простор за складирање на влезот. Кога ќе се внесат, сите чевли треба да се избришат и да се стават во плакар.
2. Преоптоварени површини
Колку повеќе работи имате, толку побрзо се трупаат и создаваат визуелен неред.
Како да го поправите ова: Оставете ги само функционалните предмети на виделина, сѐ друго тргнете во шпајз или во некој плакар.
3. Текстил кој ретко се пере
Завесите, ќебињата и перниците се главните акумулатори на прашина и непријатни мириси.
Како да го поправите ова: Со редовно перење.
- Постелнина – 1 до 2 пати неделно
- Завеси – 1 во 2-3 месеца
- Ќебиња и прекривки – 1 во 2-4 недели
- Килими – хемиско чистење еднаш годишно, бришење со влажна крпа и сушење – еднаш месечно.
4. Отворени системи за складирање
Полиците без врати изгледаат убаво, но брзо собираат прашина и никогаш не можете убаво да наредите нешто за да изгледа чисто и уредно.
Како да го поправите ова: Комбинирајте отворени и затворени системи.
5. Немате кутии за сѐ
Клучевите, документите и ситните парички постојано талкаат во домот.
Како да го поправите ова: Креирајте фиксни места – корпи, послужавници, организатори во кои тие предмети ќе бидат на едно место.
6. Валкани сунѓери и крпи
Можеби ги перете, но, всушност, им угодувате на бактериите.
Како да го поправите ова:
- менувајте ги сунѓерите секои 1-2 недели
- перете ги крпите на високи температури.
7. Неправилна влажност на воздухот
Премногу сув воздух крева прашина, премногу влажен воздух создава мувла.
Како да го поправите ова: Одржувајте влажност на воздухот од 40-60 отсто.
8. Имате навика да ги одложувате работите за подоцна
Една шолја во мијалникот, сепак, е валкан сад во мијалникот.
Како да го поправите ова: Правило од 2 минути – ако може брзо да се направи, направете го веднаш.
9. Ја игнорирате технологијата
Микробранова печка, електричен бокал за вода, машина за перење алишта – сето тоа се скриени извори на нечистотии и мириси.
Како да го поправите ова: Вклучете ги уредите во вашата редовна рутина на чистење.
10. Недостиг од визуелен ред
Дури и чистиот стан може да изгледа валкано поради визуелниот неред.
Како да го поправите ова:
- отстранете непотребни бои и детали
- отстранете ги сите евтини работи и пластика
- ставете организатори
Резултат
Чистотата не зависи само од чистењето, туку и од начинот на живот во домот. Со отстранувањето на изворот на „постојаното загадување“, чистењето не е само обврска, туку едноставна, мотивирачка навика.