Идеално место за одмор: Апартман во шведска шума кој го одзема здивот

Рај

Оние кои имаат потреба од одмор во природа и бегство од градското секојдневие, со сигурност ќе уживаат во овој апартман во една шведска шума.

Станува збор за кабина со големина од 55 квадратни метри која е изработена од страна на данската компанија Vipp. Апартманот се состои од само една просторија, а компанијата нуди престој на две локации – тоа се Vipp Shelter во шведска шума и Vipp Loft во Копенхаген.

Vipp Shelter кој е сместен во близина на езерото Имелм, е отворен на први ноември, а истиот се смета за “станица каде можете да ги наполните вашите батерии”. Апартманот е направен од метал и стакло, а дизајниран е од страна на Мортен Бо Џенсен.

Во внатрешноста се наоѓа кујна, трпезарија и простор за дневен одмор, а содржи и тоалет и кревет. Во фрижидерот се наоѓаат флаширана вода и шампањ, а на гостите им е на располагање и апарат за кафе.

Апартманот поседува подно греење и огниште, а доколку не можете во потполност да се изолирате од цивилизацијата, на располагање ви стои и Wi-Fi мрежа.


Vipp Loft е нешто полуксузна верзија, со големина од 400 квадратни метри. Овој апартман поседува кујна, трпезарија, спална соба и бања, а тука е и просторот за читање и работа, како и три мали тераси.

Колибата е оддалечена десет минути од центарот на градот, а освен туш, таа поседува и луксузна када во бањата.

Една вечер во Vipp Shelter изнесува 1000 евра за двајца, додека цената за Vipp Loft изнесува 1500 евра за максимум четири лица.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.