Ѓорѓе Балашевиќ купил луксузна вила во Хрватска, за неа искеширал 400 илјади евра

Се има, се може

Фото: Драгана Удовиќиќ, Иван Гргат/ 24сата.хр

Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ купил вила во Истра за која искеширал 400 илјади евра. Како што пишуваат хрватските медиуми, кантавторот ја пазарил вилата преку фирма каде што директор е токму неговата ќерка.

Фото: Иван Гргат/ 24сата.хр

Недалеку од Умаг, се наоѓа местото Бртонигла, каде што Балашевиќ неодамна уживаше во еден ресторан, а иако селаните знаат дека купил куќа, не сакале да разговараат за тоа. Велат дека не ги интересира затоа што сите кои што купуваат вили доаѓаат само за викенди.

Околу вилата на Ѓорѓе има уште осум идентични кои што се во сопственот на богати бизнисмени, а секоја има околу 200 квадрати, како и голем двор во кој што се наоѓа базен. Освен тоа има и гаража за два автомобили, голема дневна соба, четири спални соби со посебно купатило, кујна, но и сауна и џакузи.

Фото: Дамир Дервишагиќ 

Во близина на вилата се наоѓа и парк, а морето е на шест километри.

Фото: Иван Гргат/ 24сата.хр
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.