Ентериер: Совети кои ќе ги “оживеат” просториите без боја

Дом во неутрални нијанси

Неутралните бои, како што е белата боја, можат визуелно да го зголемат и осветлат просторот, како и да создадат илузија на отвореност и прозрачност.

Но, ваквите бои понекогаш може да изгледаат здодевно, доколку не се применат неколку работи во текот на уредувањето.

Во продолжение, погледнете неколку совети како да ги уредите белите и неутрални простории.

Експериментирајте со текстурите

Монохроматските простории, посебно оние во бела боја, можат да изгледаат многу монотоно. Затоа, од голема помош се различните текстури, дури и истите да бидат во слични тонови како што се интересниот тепих, перничињата во боја, уникатното пластично столче и сè останато кое Ви се допаѓа, бидејќи опциите се бесконечни.

Додадете зеленило

Наместо зелена боја на ѕидот или зелен мебел, додадете зеленило во просторијата. Растенијата, на белиот простор ќе му пружат чувство на свежина и прозрачност како и малку боја.

Искористете ги обоените детали

За оние кои сакаат силни и впечатливи бои, но во мали дози, ова е одлично решение кое ќе допринесе кон воспоставување на рамнотежа во белите простории. Сосема е доволно да одберете неколку детали, чии бои ќе “отскокнуваат” од белата површина, како што се прекривките, перниците, рамките за фотографии или светилките.

Додадете декоративно осветлување и уметност

Доколку сакате да создадете впечаток на романтичност и интимност во просторот, тоа наједноставно ќе го направите со убаво осветлување и доза на уметност. Така, ламбите или LED светлата, интересните слики и фотографии се клучните детали кои ќе го дадат тој шарм на Вашиот бел простор.

Употребете неутрални детали

Доколку не сте љубител на силните бои, најдоброто решение е да вметнете неколку детали во неутрална боја. На тој начин, неутралноста и смиреноста на просторијата ќе остане иста, но во истовреме визуелно ќе го обогатите просторот со нова димензија.

Фото: Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.