Ентериер: Бетонот како дел од шармантни модерни домови

Совети

Кога станува збор за ентериер, бетонот долго време беше сметан за материјал кој му дава на домот студен и недовршен изглед.

Меѓутоа, индустрискиот стил во последните неколку години стекна голема популарност, така што бетонот стана логичен избор на бројни дизајнери и сè позастапен елемент на модерните ентериери.

Со успешно комбинирање на “топли” и “студени” материјали и употреба на дезени и бои во вистинска количина, дизајнерите успеале да креираат потполн изглед и домови кои изобилуваат со топлина и пријатна атмосфера.

Во продолжение, Ви претставуваме два модерни ентериери во кој бетонот е искористен, со цел да пружи урбана и шик нота на просторот.

Во шармантниот ентериер на првиот стан доминираат бетонски и стаклени ѕидови, дрвени подови како и неутрални и пастелни бои.

Единствениот ѕид во дневната соба му дава впечатлив изглед на ентериерот.

Бетонот е застапен и во главната спална соба, која е поделена од остатокот на станот со стаклен ѕид.

Матните стаклени панели се употребени во кујната и бањата, со цел да обезбедат поголема природна светлина без нарушување на приватноста во домот.

Другиот ентериер се простира на две нивоа на некогашен индустриски простор кој е претворен во мал, но топол фамилијарен дом.

Како контраст и рамнотежа на студените подови од бетон, дизајнерката на овој стан употребила природно дрво со темни нијанси.

Изложените дрвени греди, кујнските ормари и столчињата од дрво му пружаат на овој дом топлина, а за пријатната атмосфера допринесува и каминот, кој е поставен во средишниот дел на просторијата.

Фото: Инстаграм
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.