Ефектен спој: Ентериер во скандинавски и ретро-стил

Модерно

Ретро стилот во ентериерот понекогаш може да делува како клише, но во комбинација со некој друг стил е полн погодок. Овој стан во Санкт Петербург тоа и го потврдува.

Дизајнерите од студиото “INT2 Architecture” искористиле неколку внимателно одбрани парчиња мебел во ретро стил како асоцијација на дизајнот од средината на 20-тиот век, а истиот го заокружиле со модерни елементи во скандинавски стил. Резултатот кој тие го добиле е светол, пријатен и несекојдневен простор со големина од 60 метри квадратни.

Дневната соба изобилува со природно осветлување кое ги истакнува сите нијанси на светлата палета, вклучувајќи ги светлосивата софа, подот и полиците од светло дрво и белите ѕидови. На влезот, повеќенаменските полици служат и како отворен ормар за јакните и капутите, но и како креативна преграда помеѓу двете простории.

Во кујната е внесен разиграниот дух преку необичните тапети, а црните столчиња совршено се надополнуваат со црниот ѕид, без да ја нарушат веселата атмосфера во просторијата.

Чистите линии и светлите нијанси со неутрални тонови, како и деталите во црна боја се главните карактеристики на спалната соба и купатилото.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.