Ѕирнете во „проколнатата“ куќа на популарниот пејач (ФОТО)

Две години се обидувал да се ослободи од неа

Лиjам Пејн, поранешен пејач и член на групата One Direction, конечно успеа да го продаде својот имот во Санта Моника. Велиме конечно затоа што музичарот две години се обидувал да се ослободи од недвижнината, која има лоша репутација. Имено, Лијам изјави дека е мистична и дека во неа се случуваат чудни работи.

View this post on Instagram

A post shared by Liam Payne (@liampayne)

Според странските медиуми, тој го продал комплексот за повеќе од 10 милиони долари, а вклучува лозје, просторија за медитација, библиотека… И покрај сето тоа, она што сигурно не му помогна во продажбата се гласините дека живее во опседната куќа!

Тој уште во 2017 година изјави дека непозната жена ѝ пришла на неговата девојка на улица за да ја предупреди дека духот на претходниот сопственик сè уште го прогонува имотот. Tој живееше на овој имот со неговата поранешна партнерка Шерил Кол, додека таа беше бремена и го чекаше нивниот син.

Лијам вели дека Шерил не сакала да останува сама во просторијата горе. Исто така, тој споделува дека бил сведок на случка кога светлата се палат и се гасат среде ноќ и имало ужасни моменти кога водата од чешмата почнувала да тече сама.

Познат пејач успеа да го продаде својот луксузен имот каде што се случувале чудни работи

Фото: Хилтон & Хајленд

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.