Ѕирнете во омиленото прибежиште на славната пејачка (ВИДЕО)

Тука ги полни батериите

Весна Змијанац жареше и палеше на југолсовенската естрадата речиси една деценија, а продолжи да биде популарна и да настапува дури и по распаѓањето на Југославија.

Денес живее мирен и повлечен живот на својот имот, посветена му е на семејството – на ќерка си Николија и на внуката Реја, а специјално за емисијата на водителот Огњен Амиџиќ „Амиџи-шоу“, ги отвори и вратите на своето приватно царство што го изгади во времето на најголема слава – во Букуја, во близина на Белград, каде што секогаш оди кога сака да го најде својот мир.

Далеку од љубопитните очи, Весна минуваше време во оваа куќа, уредувајќи ја по своја мера. На парцелата што ја поседува има две куќи, едната во која престојува Весна, а другата е помала и служи за сместување на луѓето што се грижат за одржување на имотот.

Во нејзиниот дом има дури три кујни, а бидејќи е позната како одлична готвачка, таа одгледува и свој зеленчук секоја година во градината.

Приземјето на нејзината куќа е во рустичен стил, додека, пак горниот кат е уреден модерно. Насекаде има голем број семејни фотографии, а во главната дневна соба има камен камин.

На вториот кат има спална соба, салон, голем гардеробер и пространа бања. Весна во една пригода призна дека кога станува збор за уредување на ентериерот, на неа не ѝ е важно да изгледа светски.

Иако често престојува во Белград, поради работата, Весна сè уште го наоѓа својот мир во куќата што ја направи за себе.

Фото: Приватна архива, принтскрин Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.