Ѕирнете во новата луксузна недвижнина на Џон Леџенд (ФОТО)

Новиот дом е „мешавина на модерни и историски елементи“

Џон Леџенд со сопругата Криси Тиген купи втор пентхаус во Њујорк.

Популарната двојка веќе поседува еден пентхаус во зградата, кој го купи за 9,02 милиони американски долари во 2018 година, а неодамна потрошија 7,7 милиони долари за нов триплекс, пренесува Real Deal.

Нивниот нов дом се протега на околу 3.500 метри квадратни и има три спални соби и две и пол бањи распоредени низ петтиот и шестиот кат на зградата. Двата апартмани имаат пристап до терасата на покривот од 1.500 квадратни метри, во која има и вградена скара за гас, а комплетно опремената кујна на отворено има зачудувачки поглед на Њујорк.

 

Зградата беше првично изградена уште во 19 век за производителот на вагони Brewster & Co., а беше претворена во луксузна станбена зграда во 2005 година.

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.