Холивудскиот актер својата резиденција во населбата Пацифик Палисејдс ја објави за продажба во јануари по првична цена од 21 милион долари, а ја продаде за 3 милиони помалку.

Зданието од 13.508 квадратни метри се наоѓа на една од најпосакуваните улици во оваа област, а има седум спални соби и 10 бањи.

Внатрешноста се одликува со мешавина на материјали вклучувајќи природен камен и дрво, како и со средиштен атриум постојано исполнет со светлина, со сводови високи 35 метри.

Куќата е опкружена со бујно зеленило и е еден од најголемите имоти во соседството.

Дневната соба и трпезаријата се пространи и опкружени со прозорци и стаклени ѕидови, што овозможува огромна природна светлина. Основниот апартман има приватна тераса, двоен гардеробер, соба за масажа, спа и пространа туш-кабина.

Внатрешноста вклучува и бар, канцеларија, вежбалница, соби за персоналот, винарска визба и соба за дегустација. Надвор има простран двор, детски простор за играње, голем базен и спа-центар, вештачки водопад и езерце.