Ѕирнете во луксузната вила на Џесика Алба, вредна 10 милиони долари (ВИДЕО)

Фото: Getty Images

Актерката Џесика Алба првпат за медиумите ја отвори вратата на својот луксузен дом во кој живее со сопругот Кеш Ворен и нивните три деца Хонор Мари (10), Хејвен (7) и Хајсен (1).

Куќата во која живеат ја купија пред седум месеци, но Џесика истакнува дека вложила голем труд за да ја уреди така како што изгледа сега.

Сакавме место на кое ќе можеме да ги гледаме децата како си играат и како растат“, објасни славната актерка, притоа мислејќи на големиот двор што ја опкружува куќата.

На Џесика омилени и’ се дневната соба, каде што семејството појадува, кујната, бидејќи е голем вљубеник во готвењето, и балконот индпириран од ретро-стилот. Во куќата доминираат мермер и рециклирано дрво.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.