Ѕирнете во домот на Кендал Џенер: Тура во живо низ неверојатниот луксуз во кој живее познатата манекенка! (ВИДЕО)

Екстраваганција и незамислив луксуз!

Фото: Getty Images

Манекенката ја отворила вратата на својот луксузен дом во Лос Анџелес за екипата од магазинот Architectural Digest

Една од членките на кланот Кардашијан, успешната манекенка и фото-модел, Кендал Џенер, се пофалила со својата оаза во мирниот дел на Лос Анџелес, за која вели дека со задоволство поминува време во неа.

За Кендал, императив во уредувањето било тоа да се чувствува спокојно во куќата и да има смирувачка атмосфера, а како што вели, тоа и го постигнала.

Дизајнерскиот тим кој работел на ентериерот за луксузната резиденција што Кендал ја купила пред околу една година и ја реновирала цела една година се Кејтлин и Томи Клементс, како и познатиот дизајнер Валдо Фернандез, на чиј детаљ во куќата со име „скорпија“, Кендал е особено горда.

„Многу сум задоволна од работата што ја завршивме овде. Ова е првата куќа што ја преуредив од почеток до крај, до последен детаљ и мислам дека го отсликува токму она што сум и каква сум во суштина“, објаснила Кендал.

Особена љубопитност предизвика турата низ гардероберот на манекенката. Нема да ви откриваме премногу, но ќе ви кажеме само дека, покрај плакарот преполн со брендирана облека, кој е во посебна просторија, манекенката има и своја „Хана Монтана“ соба и своја „Глам“ соба.

Погледнете што има во нив и за што точно служат, а не пропуштајте го ни остатокот од куќата!

Дали ви се допаѓа домот на Џиџи Хадид, кој сама го уреди? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.