Жената што стои зад уредувањето на куќите на холивудските легенди ги отвори вратите од својот дом: Никогаш не сте виделе ваков ентериер!

Кели Врестлер

Кели Врестлер без дискусија е една од најпознатите жени што се занимаваат со уредување на ентериерот

Ако некогаш сте наишле на нејзините дела на Инстаграм, сигурни сме дека сте застанале макар на неколку секунди. Просторите што таа ги дизајнирала речиси секогаш завршуваат во најпопуларните магазини за уредување станови и куќи, а нејзината естетика е лесна за препознавање.

Таа е генијот што стои зад најубавото дизајнираните куќи во Холивуд во кои живеат ѕвезди од А-листата, како што се Камерон Дијаз, Гвен Стефани, но и зад најлуксузните хотели низ целиот свет.

Кели Врестлер пред некое време купила имот и куќа на Малибу, во Калифорнија. Барала простор што ќе зрачи со мир, а идејата ѝ била да биде уреден така што во него ќе може да си игра со старински дизајнерски парчиња што ги обожава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Wearstler (@kellywearstler)

Куќата се наоѓа на самиот брег, па логично би било во неа да преовладуваат земјени бои, но и минимализам со доза ексцентричност. Успеала таквиот стил да го направи удобен за секојдневен живот. А тоа, ќе се согласите, е голем успех.

Погледнете го видеото во кое самата Кели Врестлер прави тура и објаснува како чекор по чекор го уредила своето ново место за живеење, па споделете ги со нас вашите впечатоци во коментари!

Ѕирнете во луксузниот дом на славниот актер, продаден за 18 милиони долари (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.