Во време на криза Викторија и Дејвид Бекам купија нова лускузна вила

Им се може!

Додека целиот свет е во карантин стравувајќи од коронавирусот Викторија и Дејвид Бекам одлучија да купат нов луксузен имот, а станува збор за луксузен апартман во позната зграда во Мајами.

Тие купиле стан со пет спални соби, базен, но и хелиодром на врвот на зградата, за кој издвоија неверојатни 21,6 милиони евра.

Бекамови прв пат ја погледнале зградата и станот уште минатото лето, а тој ги воодушевил „на прва“, а го купија сега – само неколку месци откако во целост е завршен.

Новиот стан се наоѓа во зграда со 62 ката, висока 215 метри, што ја прави највисоката зграда во Мајами. Станува збор за зграда со луксузни и приватни станови со голема квадратура.

За станарите на врвот на зградата постои и заеднички базен, како и спа центар, фризерски и козметички салон, барови и дел за сончање.

Ова е само еден во низата од нивните скапоцени недвижнини, во кои спаѓа и вилата во Лондон, како и домот во Котволдс, кои исто така чинат неколку милиони евра.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.