Вил и Џејда Смит платија 9,7 милиони евра за новата недвижнина (ФОТО)
Ѕирнете во неа!
Хајден Хилс, елитната наслебна во која холивудската двојка Вил и Џејда Смит ја купи својата нова недвижнина, се наоѓа на околу 40 километри од Лос Анџелес и претставува дом – „рај“ за многу познати личности, како што се Дрејк, Лил Вејн и Кајли Џенер.
Со прекрасен поглед кон долината Сан Фернандо, имотот вклучува и огромен базен, спа-бања и игралиште за тенис и кошарка. Куќата пак, се состои од шест спални соби и девет бањи, а има и кино со кадифени облоги на ѕидовите – за подобра акустика.
Во главната дневна просторија е поставен раскошен камин.
Купувањето се случува пет месеци по пожарот во нивната вила во местото Калабасас. Тој имот од 42 милиони долари во Калифорнија сега треба да се реновира, пишува „Њујорк пост“. Двојката поседува уште најмалку осум други имоти ширум САД.
Фото: Printscreen Instagram