Прекрасна вила во која сега живее тагата: Ова беше домот од соништата на Синиша Михајловиќ, со двор како од бајките (ФОТО)

Многу врвни фудбалери заработија многу пари играјќи во најголемите европски клубови, па на своите семејства можеа да им обезбедат најголем луксуз. Таков беше случајот со Синиша Михајловиќ, еден од најуспешните српски фудбалери, кој почина од леукемија.

Сè додека смртта не го зеде, Миха го градеше своето магично катче во едно од најубавите места во Италија, во градот Порто Черво на островот Сардинија.

Прекрасна вила со двор како од бајките, која има два базени, огромна тераса со нереален поглед на нерамниот брег и морето, а има и друг дел од дворот во кој доминира зеленилото.

За украсувањето очигледно бila задолжена неговата сопруга Аријана, која создаде средина како од најубавата бајка, па семејството на Михајловиќ ужива во вистински медитерански рај.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.