ПОЛА МИЛИОН ЗА ЛУКСУЗ ОД СОНИШТАТА: Вилата на Александра Пријовиќ крие кујна што освојува – малa, но со детаљ каков што нема никаде!

Вилата на Бежаниска Коса, која Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ја платиле неверојатни половина милион евра, претставува вистинска оаза на луксуз и семејна интимност. Она што особено ги освоило е малото, но уредено дворче – совршено катче каде нивните деца можат да уживаат далеку од љубопитните погледи.

Домот располага со простран дневен престој поврзан со трпезарија, додека кујната, иако со помала квадратура, е осмислена до совршенство. Секој елемент е внимателно поставен, така што домаќинката има сè на дофат на раката.

Во ентериерот доминираат бело дрво, мермер и топли беж нијанси, но она што навистина го привлекува вниманието е впечатливото огледало поставено долж целата површина меѓу мијалникот и елементите за складирање – детаљ што ѝ дава уникатен печат на просторијата.

Кујната е целосно опремена со вградена рерна, фрижидер и машина за садови, како и со сите неопходни мали апарати за секојдневно функционирање.

Од трпезаријата ја дели елегантен мермерен шанк, кој истовремено служи и како работна површина за подготовка на храната.
Tрпезаријата, пак, зрачи со раскош – доминира голема мермерна маса наменета за семејни собири, надополнета со сомотски столици во смарагдна боја.

Златните детали дискретно се провлекуваат низ просторот, додавајќи допир на софистицираност и модерна естетика.

Целиот дом е уреден според најновите трендови, но пред да пристигне нивната ќерка Арија, Александра и Филип направиле дополнително реновирање, при што катот го резервирале за спалните простории.

Оваа вила не е само симбол на луксуз – таа е внимателно креиран простор каде удобноста, стилот и семејниот живот се спојуваат во совршена целина.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе