Поглед од височина: Вака изгледа имотот на Сека Алексиќ снимен со дрон (ВИДЕО)
Среде ниви и зеленило
Сека Алексиќ го оствари својот животен сон кога пред неколку години ја изгради куќата од соништата. Имено, познато е дека популарната фолк-пејачка израснала во сиромаштија, но секогаш била позитивна и весела девојка, како што сведочат нејзините соседи.
Благодарение на гласот и вредната работа, успеа да спечали доволно средства за да го изгради своето мало кралство, 50-тина километри оддалечено од градската врева на српската престолнина, во војводинското гратче Стара Пазова.
Како изгледа домот на популарната пејачка, за кој се пишува дека ја чинел половина милион евра, можете да погледнете ТУКА.
Сека во куќата сега живее со сопругот Вељко Пиљикиќ и синовите Јаков и Јован, а како изгледа целиот имот снимен од дрон можете да погледнете во продолжение…
Имено, околу дворот се наоѓа висока бетонска ограда. Во дворот на пејачката има базен, а бидејќи Алексиќ е љубител на домашните животни, за своите кучиња има изградено неколку куќички.
Околу целата вила е зеленило, а во еден дел од дворот се наоѓа и базен.
На имотот има уредено и игралиште на кое има лулашки, тобоган и трамболина. А во задниот дел на дворот се наоѓа приватна вежбалница на пејачката и нејзиниот сопруг.
Екипата на „Папарацо лов“ со дрон ја сними куќата на Сека, а пејачката во тој момент си играла со својот син Јаков во дворот.
Фото: Printscreen Youtube