Никој не сака да им ја купи куќата: Мислат дека е проклета и дека носи развод, а еве како изгледа!

Како изгледа куќата на Џеј Ло и Бен Афлек?

Бен Афлек и Џенифер Лопез одлучиле да ја продадат својата вила на Беверли Хилс. Вилата изгледа прекрасно, но проблемот е што веќе подолго време не можат да најдат купец

Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг Бен Афлек, наводно, го продаваат својот брачен дом на Беверли Хилс во Калифорнија, во вредност од 60 милиони долари, како последица на нивниот развод, кој се наѕира.

Повеќе извори откриле дека двојката користи агент за недвижнини, Сантијаго Арана, за да ја продадат куќата што заедно ја купиле минатиот мај.

Според „Пејџ сикс“, двојката бара 65 милиони долари за својата вила.

Лопез и Афлек, наводно, ќе претрпат финансиска загуба од милион долари со продажбата, поради провизијата на брокерот, новиот порез на супер скапите недвижнини, како и значајната сума на пари што ја вложиле за реновирање.

Претходно беше објавено дека биле објавени нови фотографии од вилата на сајтот за трговија со недвижнини Зилоу.

Лопез (54) и Афлек (51) ја купиле куќата во кеш за 60,85 милиони долари во мај 2023., 10 месеца откако се венчале во Лас Вегас.

Новоизградената масивна куќа има 17 спални соби, 30 бањи и паркинг за 80 возила.

Изгледа дека куќата им делува проклето на потенцијалните купци, бидејќи двојката релативно скоро ја купи и живееше во неа само две години пред да започнат неволјите во нивниот брак, кој по сè изгледа ќе заврши со развод.

Џенифер Лопез во „секси“ издание за инает на Бен Афлек: Сите погледи кон неа!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе