Оваа куќа од 17 век крие четири спални соби и пространа градина која потсетува на џунгла, идеална за љубителите на природата
Велшката пејачка Шарлот Чурч (40) ја продава својата историска куќа во Бери за 818.000 евра. Куќата од 17 век крие четири спални соби, три дневни соби и што е најинтересно, музичко студио во градината, сокриено меѓу стебла банана и бујна вегетација.
Шарлот и нејзиниот сопруг, музичарот Џонатан Павел, ја купиле куќата пред две години по продажбата на својот претходен имот The Spinney. Историската куќа е една од најстарите во Бери, а нејзиниот ентериер е особено впечатлив затоа што е инспириран од нивните патувања во Мароко и Африка.
View this post on Instagram
Продавачите велат дека сè е на свое место и дека ништо не би менувале
Градината ја претвориле во мала џунгла со банани, овошни грмушки, зачинско билје и миризливо цвеќе, а има и пергола со скара, тераса, работилница и паркинг за четири автомобили.
Најголемото изненадување, сепак, се наоѓа во задниот дел на имотот. Таму, сопружниците изградиле приватно засолниште и музички простор кој има дури и сопствен тоалет.
Внатре куќата изгледа многу попространо одошто се чини однадвор. Покрај модерна кујна и отворена дневна соба, куќата има четири спални соби, бања и одвоена туш-кабина. Една од спалните соби има сопствена бања и излез на рамниот покрив, од каде што има прекрасен поглед на море.
Шарлот не е почетничка на пазарот со недвижнини. Својот претходен имот The Spinney го купила за 1,3 милиони фунти, темелно го реновирала и таму во 2017 година се омажила за Џонатан. Имотот потоа бил продаден за 2,1 милион фунти. Тогаш, пејачката признала дека веќе не е милионерка, бидејќи во реновирањето ја вложила речиси целата своја животна заштеда.
Сега се збогува и со помалата куќа:
„Го обожаваме духот на оваа куќа, полна е со живот и хармонија, сè е на свое место“, се согласиле сопружниците.
Погледнете како изгледа куќата во видеото во продолжение…
ФОТО: ЈУТЈУБ