Миленикот на многу девојки почна проект вреден 35 милиони евра

Сака да живее во замок

Пејачот Хари Стајлс купидве куќи од 18 век кои се наоѓаат во истиот двор,во северниот дел од Лондон, а сака да ги реновира и спои во огромна куќа.

Тој ангажира и дизајнер на ентериери, коj претходно соработуваше со Меган Маркл.

Поранешниот пејач на One Direction прво купи поголема куќа која го чинеше околу 10 милиони евра, а подоцна дополнително купи уште еднапомала, во вредност од 4,5 милиони евра.

Овие недвижнини имаат10 соби, играчница, кино сала и фантастични галерии.

Вилата ќе биде совршено бегство од неговиот хаотичен деловен живот, бидејќи тој крај е навистина многу мирен.

Богатството на Хари се проценува на68 милиони евра, а за овој проект пејачот ќе вложи речиси половина од своето богатство.

 

 

Хари е перфекционист и сака сè да биде совршено и по негова желба, па поради тоа овој проект ќе биде малку поскап, но Хари знае како да раководи со парите – открива негов пријател за медиумите.

Ова не е прва недвижнина во сопственост на пејачот.

Кога имаше само 18 години, Хари ја купи првата куќа во вредност од 3,6 милиони евра во северен Лондон, која подоцна стана позната како „барот на Хари“, бидејќи овде тој често организираше забави со своите пријатели.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.