ЛУКСУЗНА ОАЗА ПОДГОТВЕНА ЗА НОВ ЖИВОТ: Во домот на Саша Ковачевиќ наскоро ќе одекне бебешки плач!

Исчекувањето на нов член внесе посебна емоција во животот на пејачот, а станот на Саша Ковачевиќ – местото каде што со свршеницата Зорана Тасовац и нејзината ќерка Искра веќе гради семејна оаза – наскоро ќе стане побогат за уште еден член.

Во овој луксузен пентхаус, сместен во елитен комплекс на Нов Белград, недвижност проценета на околу половина милион евра, за неколку месеци ќе се слушне и бебешки плач.

Пејачот со својата партнерка и нејзината ќерка живее во простор што зрачи со модерен луксуз, но и со топлина на вистински дом. Светли и неутрални нијанси доминираат во ентериерот, додека секој детаљ е внимателно избран за да се задржи елеганцијата, но и пријатната семејна атмосфера.

Во пространиот дневен престој посебно внимание привлекуваат големиот аквариум и белиот клавир, кој зазема централно место – токму таму често настануваат емотивните мелодии по кои пејачот е препознатлив.

Луксуз со поглед што го одзема здивот

Станот на Саша Ковачевиќ располага и со приватен работен агол, односно студио во кое тој го поминува времето создавајќи нова музика.

Тука е и т.н. „кралска бања“, целосно обложена со мермер, која на просторот му дава дополнителна доза гламур и софистицираност.

Сепак, најголемиот адут на пентхаусот е пространата тераса од која се отвора фасцинантен поглед кон Сава, Мостот на Ада и панорамата на стариот дел на Белград.

Токму таму парот најчесто ги минува летните вечери, опуштајќи се на луксузна бела гарнитура, со гитара и атмосфера што зрачи со мир.

Колку е престижна локацијата, говори и фактот што пејачот има познат „ВИП-соседство“. Меѓу соседите се вбројуваат Новак Ѓоковиќ, пејачките Милица Павловиќ и Милица Тодоровиќ, како и тенисерот Филип Крајиновиќ.

Да потсетиме, Зорана Тасовац од претходниот брак со Богдан Срејовиќ ја има ќерката Искра, која Саша неизмерно ја сака, а наскоро тие двајца ќе добијат и заедничко дете.

Овој дом не е само симбол на луксуз – тој е место каде љубовта, семејството и новите почетоци добиваат своја вистинска форма.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе