Луксуз од 2 и пол милиони евра: Ѕирнете во домот на Жељко и Јована Јоксимовиќ

Декорот го одзема здивот!

Јоксимовиќи пред раскошната вила имаат голем базен.

Јована и Жељко Јоксимовиќ пред неколку години се преселија од станот во Врачар во прекрасна куќа во Сењак. Вилата ја купиле од пријател, а според написот во „Хелоу“, за овој имот одвоиле 2,5 милиони евра, не вклучувајќи ги трошоците за уредување на ентериерот.

kućaЌерката на Жељко од првиот брак, Мина Јоксимовиќ е многу активна на социјалните мрежи, па често објавува фотографии од нивниот дом. Како што можете да видите на фотографиите, подот во куќата е поплочен со мермер, додека сè е опремено со скап и модерен мебел, како и со големо огледало.

Семејството Јоксимовиќ има и огромен базен пред својата луксузна вила, а Мина еднаш покажа како ужива таму во летните денови.

Вилите на Сењак се секогаш на цена, а оваа е меѓу најскапите и најлуксузните. Има повеќе од 20 ари земјиште, што е огромна површина за Сењак, а куќата е уредена и опремена по највисоки стандарди. На Жељко и Јована отсекогаш им се допаѓала вилата на нивните пријатели, а кога слушнаа дека е на продажба, веднаш посакаа да ја купат, изјавил изворот за Информер и додал дека вилата особено ѝ се допаѓа на Јована.

 

Фото: Instagram/Printscreen

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.