Лепа Брена покажа каков поглед се протега од нејзината вила во Мајами (ФОТО + ВИДЕО)
Сонце, плажа, палми и океан!
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години поседуваат симпатична вила во Мајами, каде што задолжително одат неколку пати во годината. Кога не се таму, им ја издаваат на своите пријатели – чисто да не зјае празна и да има кој да се грижи за неа и да плаќа 2.000 долари месечно за нејзино одржување.
Популарната пејачка им откри на своите следбеници на Инстаграм дека моментално престојува на Флорида, а им покажа и во каков поглед ужива секогаш кога ќе излезе на балконот од задната страна на својата вила.
Го сакам Мајами“, кратко порача Брена во описот на објавените фотографии.
Инаку, во вилата, која се протега на 400 метри квадратни и која го чинела семејството Живојиновиќ 900.000 евра, живееја Филип и Стефан Живојиновиќ за време на студиите во Америка, а сега ја користат само за одмор.
Фото и видео: Инстаграм, ATA Images