Ќерката на Јелена Карлеуша ја покажа својата соба: „Опседната сум!“ (ВИДЕО)
Ѕирнете во домот на пејачката
Постарата ќерка на поп-sвездата Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Атина Тошиќ, покажа како изгледа нејзината соба во семејната куќа на Дедиње.
Имено, Душко и Јелена во 2019 година од бившиот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси купија вила со огромен двор и базен, која ја платија околу 2 милиони евра. Веќе некое време го уредуваат просторот за да биде сè по нивниот вкус.
Конечно, готова е. Опседната сум – Атина порача во описот на видеоснимката од својата соба.
Сè е во пастелни тонови, креветот, гардеробата и полиците се во бело, додека завесите, постелнината, како и многу детали се во нежно розова боја.
View this post on Instagram
Катчето на Атина изгледа прекрасно, правејќи простор за тинејџерка. На ѕидот над креветот има колаж од фотографии, кој исто така е во розова боја и совршено се вклопува со остатокот од собата.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм