Јелена Карлеуша се пофали со фотографија од новиот дом (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пејачката Јелена Карлеуша се пофали на Инстаграм со својот нов дом, вилата на Дедиње која порано му припаѓаше на фудбалерот Драган Стојковиќ Пикси.

Мојата нова куќа“, кратко напиша популарната пејачка во описот на фотографијата на убавата куќа опкружена со голем двор, во кој се наоѓа базен.

Куќата се наоѓа во отмениот и богат дел на Дедиње, пространа е и добро затскриена зад огромните крошни на дрвјата. На Карлеуша многу и’ се допаѓа што куќата е голема, што има приватност и голем двор за децата. Внатре има четири големи тоалети, па секој ќе има свој. За Атина и Ника се планирани посебни соби со балкон и бања, а зад куќата ќе биде изграден базен. Исто така, постојат соби за послугата, како и три гостински соби“, откри изворот за „Свет“ минатата година кога пејачката и фудбалерот размислуваа да ја купат оваа куќа.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.