Ја чува приватно обезбедување! Камин, зебреста бања и фенси лустер – Ѕирнете во станот на Ана Николиќ, сè вреска од луксуз (ФОТО)

Пејачката живее на висока нога

Ана Николиќ живее со својата ќерка Тара во простран и луксузен стан, а на прв поглед е јасно дека многу време и внимание посветила на уредувањето на ентериерот.

На таа адреса порано живееше и нејзиниот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста, но по разводот станот стана „кралство на девојките“.

Во домот на познатата пејачка доминираат светли тонови: бела, розова и крем боја, а удобните кадифен софи и меките теписи се одлично игралиште за нејзиното девојче.

На самиот влез, наместо вообичаениот паркет, поставени се плочки, што многу го олеснува секојдневното одржување.

Во дневната соба, веднаш под телевизорот со голем екран, има вграден камин, кој на собата ѝ дава посебен шарм.

Од двете страни се поставени вградени полици на кои свое место најдоа многубројни книги, но и интересни украсни детали. Посебен впечаток остава луксузниот лустер.

На следбениците особено им паднаа во око елегантниот лустер покрај каминот во дневната соба и „зебрата“ т.е. црно-бели детали во бањата.

Покрај гардеробата поставена во ходникот изградено е огромно огледало, кое, очигледно, е последниот „критичар“ на Ана пред да излезе од дома.

Најубавото катче во станот е, без сомнение, собата на Тара, од која ниту една мала принцеза не би се срамела.

Станот во кој живее сама го купила и за него платила, како што пишуваат медиумите, 250.000 евра, има две спални соби, дневна, голема тераса, гаража, како и приватно обезбедување, бидејќи покрај удобност, безбедноста е најважна за неа.

Погледнете ги сликите од станот на Ана во галеријата под текстот.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.