Енди Мекдауел тукушто купи куќа вредна 4 милиони долари, која изгледа бајковито (ФОТО)

Ѕирнете во неа

Тренд во уредувањето на домот е комбинација на минималистички ентериер со традиционален, ретро-допир.

Модерниот луксуз зрачи со едноставни линии, неутрални нијанси и скапи материјали, како мермер и цврсто дрво.

Енди Мекдауел не можеше да им одолее на овие елементи кои го прават просторот посебен, па за нов дом избра куќа од бајките од 1920-тите.

Актерката одвои 4,1 милиони долари за имотот лоциран во областа на Сребреното Езеро во Лос Анџелес.

gr (11).jpgКуќата се наоѓа на компактна парцела и е одвоена од улицата со уреден двор, прошаран со високи чемпреси, додека белузлавата структура однадвор шармира со различните линии на покривот и прозорците.

Скалилата со ограда од ковано железо водат до украсената дрвена врата, зад која се протега над 300 квадратни метри кремасто-неутрална внатрешност, нагласена со фини линии, цврсти дрвени подови и обилна природна светлина.

gr (3).jpg

gr (14).jpgКуќата има 5 спални соби и 4 бањи. Во централниот дел има пространа дневна соба со голем прозорец и камин на дрва, украсен со елегантна мермерна рамка.

Скалите водат понатаму до трпезаријата, која може да се пофали со уште еден голем прозорец и лустер, кој потсетува на куп балони.

 

gr (10).jpg

gr (9).jpg

На исто ниво се две спални соби и еднаков број бањи. Вториот кат има и три спални соби, вклучително и една инспирирана од бајките, која има и простор за игра под таванот од 15 метри, вградена клупа и француска врата што води до балконот.

gr (6).jpg

gr (7).jpg

gr (5).jpg

gr (12).jpg

gr (8).jpg

gr (2).jpg

gr (1).jpg

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.