Домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ вреди 2 милиони евра, а овој детаљ е највпечатлив
Живеат луксузно
Домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ би можел да ја добие титулата – „Најубав дом во регионот“, кога би постоел таков натпревар.
Живеат во велелепна вила во белградската населба Дедиње – вредна 2 и пол милиони евра. Земајќи во предвид дека финансиите никогаш не им биле проблем, го уредиле по нивен вкус но и во стил кој им се допаднал на нивните две ќерки Атина и Ника.
View this post on Instagram
Ова луксузно здание вредно цело богатсво, фудбалерот го купи во 2018-тата година, истото предходно беше во сопственост на познатиот српски фудбалер Драган Стојковиќ – Пикси.
Вилата има надворешен и внатрешен базен, две големи гаражи и огромен двор, а „оградата“ се високи зидини, бидејќи на семејството му е многу важна приватноста и безбедноста.
View this post on Instagram
Популарната балканска звезда Јелена Карлеуша, често, сликајќи се за својот Инстаграм профил во позадина фаќа и дел од ентериерот. Од таму евидентно е дека во куќата има 5 купатила, декорирани во најелегантен стил.
View this post on Instagram
Сепак нејзино омилено катче е големиот гардеробер во кој се сместени сите нејзини чевли, чанти и фустани со потписи од светски дизајнери, па како што и самата знае да каже – оваа соба вреди право богатство. Покрај гардероберот внимание привлекува и белото пијано сместено на терасата, кое амбиентот во овој дом го подига на едно повисоко ниво.
View this post on Instagram
Според сите фотографии од оваа луксузна вила можеме да заклучиме дека домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е идеален за семееен живот, но е и те како функционален и пред се – рај за сите сетила.