Базен, тениски терен и поглед од милион долари: Новата, луксузна оаза на семејството Ѓоковиќ ќе ве остави без зборови!

Кој не би сакал да живее тука...

Новак и Јелена неодамна купиле нова недвижнина која го одзема здивот

Светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена од неодамна се сопственици на луксузна вила во Марбелја, која се проценува дека вреди околу 10 милиони евра.

Луксузната вила е повеќе од комфорна , има приватен базен, спа-центар, киносала, тениски терен (сосема очекувано), 9 спални соби, сала за билјард и пинг-понг, како и вежбалница. Посебно треба да се истакнат и големиот двор и совршениот поглед кон морето и планината. Па не е ни чудно што семејството одлучило да живее на едно вакво место.

Секако, купувањето луксузна недвижнина не помина незабележано ни кај светските медиуми, кои имаа различни коментари за изборот на тенисерот на новиот дом.

Еден од најлошите коментари од страна на шпански портали е дека новата куќа на српскиот тениски ас неодоливо потсетува на куќата на нарко-босот Пабло Ескобар, а и дека самиот Ноле има многу сличности со Пабло и дека „сакаат исти работи“.

Сепак, ние на семејството Ѓоковиќ му посакуваме само да ужива во својата нова куќа. Ѕирнете во новиот дом на Ноле, Јелена, Стефан и Тара…

https://twitter.com/gigicat7_/status/1382047036267241474?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1382047036267241474%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F149711%2Fnovak-djokovic-vila-marbelja-luksuzna-nekretnina

На гости во луксузната вила на Наоми Кембел во Кенија (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.