Доминираат розови детали – Кети Пери ја покажа собата за бебето

Бајковита декорација

Фото: Getty Images

Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум наскоро ќе добијат ќерка, а сега пејачката ја покажа собата за бебето.

Кети е во деветиот месец од бремноста и се’ e подготвено за доаѓање на наследничката.

Имено, пејачката објави видео на кое ги покажа сите детали за собата на наследничката.

Среќната Кети го покажа креветот, столчето, делот за пресоблекување каде се наоѓаат пелени и останати средства за хигиена.

Во собата доминираат розови детали, од ѕидовите па се до неколкуте фустанчиња за принцеза, а пејачката не може да ја сокрие возбудата што наскоро ќе стане мајка за првпат.

Кети покажа како изгледа и облеката за нејзината ќерка, а сите се разнижија со креакцијата на која се наоѓа ликот на Орландо Блум.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.