Дали знаете што треба најмногу да избегнувате според фенг-шуи? Четири работи кои не ги сакате во вашиот дом

Дефинитивно не ви требаат

Тоа како се чувствуваме во голема мера е поврзано со просторот во кој живееме. Општо познато е дека најпосакувани се светлите бои, светлината и доволно зеленило.

Меѓутоа, дали знаете според Фенг Шуи што треба најмногу да избегнуваме во просторот?

Еве четири работи кои дефинитивно не ви требаат…

1. Блокирана врата

Фенг Шуи смета дека вратите се портал за енергија. Внимавајте на тоа, вратите да можат широко да се отвораат при секое влегување, а притоа да не му пречат на останатиот мебел. Во случај вратите да не можат нормално да се отвораат, позитивната енергија не го искористува својот полн потенцијал. Тогаш можеби ќе се чувствувате „заробено“ и измачено.

2. Оштетени работи

Можат да станат препрека во животот и да предизвикаат стрес кој ќе делува на вашата продуктивност.

Според Фенг Шуи, расипаното ѕвонче на вратата го спречува доаѓањето на пријателите и ги блокира позитивните работи кои што можат да ви се случат.

3. Уметнички слики кои се накривени или прениско поставени

Луѓето кои имаат симптоми на депресија и недостаток на енергија често имаат уметнички слики на ѕидовите кои се накривени или стојат прениско. Сликите кои се поставени на тој начин, можат да го „повлечат“ со себе нашето расположение и енергија. Според правилата на Фенг Шуи, дури и креветот треба да биде што повеќе оддалечен од подот.

4. Пренатрупани плакари

Многу од нас не сакаат да ја враќаат својата облека во плакарот под услов дека можеби повторно ќе ја облечат. Но „расфрлањето“ на вашата облека го поттикнува вашиот мозок да размислува за „детоксот“ на штетните односи и луѓето кои ве прават депресивни. Пренатрупаните плакари испраќаат порака во универзумот дека ништо повеќе не ни треба и дека во нашиот живот немаме место за нови луѓе и нови прилики.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.