Ѕирнете во вилата на една од „најфраерските“ холивудски двојки (ФОТО)

Куќата на Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон ќе ве остави без зборови

Славниот актер на акционите филмови, Џејсон Стејтам и манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли, кои се во врска веќе една деценија и честопати се нарекувани „најфраерската двојка во Холивуд“, одлучиле да ја продадат својата куќа во Калифорнија.

Стејтам се прослави со улогата во филмот Transporter додека, пак, Роузи е обожавана како ангел на „Викторија сикрет“ и славата ја следи и сега кога е во пензија.

Оваа нивна фантастично уредена куќа купена е пред 10 години за половина од вредноста со која се проценува денес, кога актерот и манекенката сè уште ја криеја својата љубовна врска од јавноста.

Нивниот дом е познат под името „Црна куќа“, благодарение на фасадата од дрво, која е премачкана со црна боја, но внатрешноста на домот е максимално светла.

Главниот дел на куќата се состои од три спални соби и три тоалети, со пространа дневна соба во два дела, модерна кујна и трпезарија. Спектакуларен детаљ е каминот, околу кој има ѕид кој е декориран со дрво, а погледот од сите простории е фантастичен.

Меѓутоа, особено драгоцен додаток е посебниот апартман за гости кој вклучува спална соба, тоалет и сместен е на горниот кат.

Покрај фантастичната тераса, домашните и гостите можат да уживаат и на приватна плажа до која води задниот влез. Дуплата гаража, специјален систем на осветлување и аудиовизуелен систем го прават овој дом во Малибу да биде посебно атрактивен на пазарот.

Вкупната површина е 370 метри квадратни.

Фото: Пинтерест
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.