Зачинете ја филмската вечер со малку поинакви пуканки

На многумина омилените грицки – пуканките – брзо се приготвуваат, вкусни се, а поради високиот процент влакна во нивниот остав, брзо заситуваат.

Пуканките се цели зрна кои содржат протеини, минерали и витамини, состојки кои се важен дел од прехраната, а факт е дека се поздрави од многу други грицки кои често ги јадеме.

Обично ги јадеме само посолени, евентуално со масло, но за да ја направите својата филмска вечер интересна ви ги предложуваме овие два рецепта – еден солен и еден сладок. Иако слатките не се вообичаена варијанта на пуканки, сепак не плашете се да експериментирате со вкусовите…

Солени пуканки со поинаков вкус

Испечетеги пуканките како што вообичаено ги правите, ама немојте веднаш да ги посолите. Пред да ги „испукате пуканките“, подгответе ја оваа солена мешавина со која ќе ги зачините за одличната филмска вечер со вашата подобра половина.

@thecookierookie

@thecookierookie

За мешавината за солени пуканки ви е потребно:

1 шолја сол
1/4 шолја ситно сечкана сланина
1/4 шолја рендан пармезан

Сите состојки ставете ги во блендер, вклучете го на најголема брзина и смесата е подготвена! Можете да ја чувате месец дена.

@cremedelacrumb1

Зебра карамелизирани пуканки

Ако сакате слатко и „би убиле некого за карамела“- ова се пуканки за вас! За подготовка на овие боженствени пуканки треба нешто повеќе состојки и малку повеќе време од подготовката на солените но верувајте – вреди.

Состојки:

4 лажици масло
10 раце пченкарни пуканки
1/2 рака кафеав шеќер
морска сол
1 рака рендано темно чоколадо или чоколадо во прав
1 рака рендано бело чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во посебен сад ставете масло, шеќер и две лажици вода да врие, мешајте повремено. Така растопената смеса измешајте ја со зрната пуканки и сето тоа заедно истурете го на на хартија за печење на плех за печење. Посолете и подгответе ја рерната.

Печете ги додека добијат златна боја, отприлика околу 40 минути. Потоа, извадете ги и оставете ги да се ладат. За тоа време растопете ги двата видачоколадо одвоено. Наизменично посипувајте ги врз испечените пуканки. Оставете ги да се оладат додека се стврдне чоколадниот прелив.

Предлог: лајт ТВ-серија за со пуканките – „Емили во Париз“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.