ВКУСНИ ПРОМЕНИ: Летниот број на магазинот „Добра храна“ е во продажба!

Сити и вити

Да уживаме заедно во многубројните вкусни рецепти, кулинарски трикови и совети за добра храна!

Топлите сончеви зраци внесуваат промени во нашето расположение, но и во нашето мени. Свежите намирници ќе доминираат, а тоа значи многу вкусни салати, креативни супи, полнет млад зеленчук и многу други сезонски специјалитети, кои се исто толку вкусни колку што се забавни за приготвување.

Салата од тестенини со кулен
Полнети тиквички

Како и секогаш, нашите страници изобилуваат со рецепти за сладокусците – домашните слатки и тортите шарлоти ќе ве остават без зборови.

Карамел-бонбони
Шарлота со кикиритки

Летниот период е предвесник и за свадбените прослави. Иако сè уште не можеме целосно да се опуштиме и да си дозволиме големи собири, сепак нема да изостанат помалите венчавки. По тој повод ви нудиме едноставни но ефектни идеи за украсување свадбени торти, а една од тие убавици одбравме да ја краси нашата насловна страница.

Насликана торта

Не заборавајте да ги испробате и деликатесите на нашите гастро-мајстори!

Не грижете се за последиците од уживањето во гурманските оброци, дури и ако подоцна ги почувствувате во потесна облека. Забрзаниот ритам и убавите летни денови ќе ви ги стопат вишокот килограми!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.