За секунда пригответе го најздравиот оброк на светот: Егзотично смуди од јагода и манго што ќе ве воодушеви!

Уживајте!

Можете да го приготвите во која било доба од денот

Егзотичното смуди во себе содржи јагоди, манго, банана и сок од портокал.

Состојки:
  • 150 г исчистени јагоди
  • 150 г исечено манго
  • 150 г банани
  • сок од портокал
  • 100 мл млеко
  • 120 г јогурт
  • 50 г овесни снегулки
  • 30 г исечкани лешници
  • 1 лажичка кокосово брашно
  • 1 ванилин шеќер
Приготвување:

Исечкајте неколку јагоди на половини и наредете ги од внатрешната страна на стаклено шише за смуди, почнувајќи со редење од дното па нагоре, така што ќе имате јасен видлив пресек на јагодите преку стаклото.

Излупете ги мангото и бананата. Еден дел од мангото исечете го на парчиња и замрзнете го, а остатокот изблендирајте го во блендер со цеден сок од портокал. Излупете ја бананата и исечете ја на парчиња, ставете ја во бленсер и изматете ја со сок од портокал. Сега имате две кремасти овошни структури што можете да ги споите.

За третиот слој, изматете во блендер до кремаста структура банани, свежи јагоди, малку млеко, јогурт од јагоди или обичен.

Сега кога ги имате сите елементи, можете да го комбинирате вашето совршено смуди. Почнете со смудите од банана, сипете го во стаклено шише, а потоа посипете го со приготвениот прелив. Потоа, повторете ја постапката со јагодите и завршете го смудито со кремасто манго и парчиња манго на врвот.

Оладете го во фрижидер во тегла, стаклено шише или проѕирна чаша.

Совет плус

Можете да користите нискокалоричен јогурт од јагоди, а можете и обичен. Ванила, бадем или мед се исто така добра комбинација, но немојте да користите шеќер во овие овошни комбинации, бидејќи овошјето содржи сосема доволно природни овошни шеќери.

Напомена

Замрзнатото овошје во комбинација со сок портокал подобро оди во ваквиот начин на комбинирање смудиња.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.