Веганска цезар-салата

Веганската цезар-салата е секогаш добра идеја, особено во топлите, летни денови.

Цезар-салата ја осмислил угостителот Цезар Кардини, италијански имигрант кој служел во ресторани во Мексико и САД. Иако живеел и работел во Сан Диего за време на Прохибицијата, тој исто така работел и во Тихуана некое време. Неговата ќерка Роза тврди дека нејзиниот татко ја креирал „Цезар-салатата“ за време на прославата на 4 јули 1924 година.

Имено, тој ден, ресторанот беше полн со гости, а Кардини и остатокот од персоналот остатоците од храната ги оставале настрана. Во еден момент, состојките како месо, зелена салата и прелив се помешале и,  на тој начин се создало сосема ново јадење.

Денес постојат разни варијанти на оваа вкусна салата, а ние ви претставуваме веганска опција.

Состојки (за 4 лица):

300 г леблебија
сок од еден лимон
маслиново масло
сол, бибер
чешне лук
1 лажица сенф
4 тенки парчиња леб
2 помали црвени кромитчиња
2 ротквици
2 главици зелена салата

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте ја леблебијата иисушете ја со кујнски марамици.
Ставетеја на хартија за печење и печете ја во рерна додека зрната стана крцкави (доволно е околу 30 минути).
Извадете ги од рерна и префрлете ги во счинија. Додајте сок од половина лимон и оставете ја леблебијата да се излади.
Во блендер, додајте лажица маслиново масло, сенф, сол, бибер, лук и лажица сок од лимон и измешајте сè. Оставете го приготвениот прелив настрана.
Намачкајте парче леб со маслиново масло и наросете го со сол и црн пипер. Запечете го во тостер или во рерна (околу 10 минути на 180 степени).

Во тав ставете ги исечканите рдокви и црвениот кормид и пропржете ги 5 минути.

Во чинијата солеблебијата додајте го пропржениот зеленчук. Потоа додајтеисечкана зелена салата и потпеченото парче леб, исечкано на поситнипарченца. Прелијте со преливо.

Добар апетит!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vida|Plant Based (@vidacooksvegan)

Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.