Ова се нашите предлози за здрав појадок полн со протеини и влакна што гарантирано ќе ве држи сити до ручек
За време на божиќниот пост, најголемиот предизвик за многумина е посниот појадок, а да не е тоа некоја посна пита или печиво. Еве што можете да јадете за време на посните денови, а да биде здраво и вкусно.
Просо со тиквички

Состојки:
- 1 шолја измиено просо, сварено во 2 шолји вода и лажиче сол
- 1 печена тиквичка
- 1 конзерва сардини
Приготвување:
Сварете го просото и испечете ја тиквичката. Во тоа додајте и цедена сардина од 100 г, лажиче маслиново масло и малку сол.
Овесна каша со какао

Ако сте љубители на домашно кафе, со него може да јадете посна каша што личи на десерт, а е вистинска енергетска бомба.
Состојки:
- 4 лажици овесни снегулки без додатоци
- 1 лажиче органско какао
- 1 грст ореви/бадеми/лешници
- 200 мл вода
- 2 урми
- 1 јаболко или банана
Приготвување:
Во чинија измешајте овесни снегулки, какао и урми и прелејте со врела вода. Смесата мора да биде водлеста. Додајте ореви и сечкано јаболко, измешајте и послужете.
Тортилја со зеленчук

Состојки:
- 1 интегрална тортилја
- 2 супени лажици хумус
- домат
- зелена салата
- краставица
- печена тиквичка
Приготвување:
Премачкајте ја тортилјата со хумус, па додајте го зеленчукот – што повеќе тоа подобро, изборот е ваш. Завиткајте и јадете.
Што појадувате вие кога постите?
ФОТО: Freepik