Салата со лосос: Храна за подмладување

Оваа салата е богата со антиоксиданси и спаѓа во популарната „храна за подмладување“.

Но стареењето не се забавува само со соодветна нега туку потребно е целиот начин на живот да го приспособите кон антиејџ-филозофијата. Покрај престојот на свеж воздух и физичките активности, на нашиот изглед поволно влијае и исхраната.

Познато е дека некои продукти содржат антиоксиданси што нашиот организам го подмладуваат „однатре“. Со нивно консумирање го храниме нашиот организам со состојки што поттикнуваат негово подмладување. А лососот е дефинитивно една од намирниците што го забавуваат стареењето.

Потребно е: парче лосос, мешавина од зелени салати, шери-домати, кромид, сос од мед

Приготвување:

Мешавината од зелени салати зачинете го со сосот од мед, па додајте ги шери-доматот и кромидот. Одозгора ставете го претходно испечениот лосос.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.