Салата од сладок компир и бадеми

Рецепт на денот

Салатите се идеален лесен оброк, кој ќе нè засити, а ќе спречи да се чувствуваме тромаво. Денес за вас подготвивме рецепт за вкусна салата од сладок компир и бадеми.

Сè што ни е потребно е…

1,2 кг сладок компир

75 г бадеми

2 млади кромитчиња

1 чешне лук

2 супени лажици лимонов сок

1 лажица соја-сос

2 лажици маслиново масло „Брилијант“

1/2 лажиче чили-прав

прстофат сол и црн пипер

150 г свежо сирење

Приготвување:

Измијте, излупете и исечкајте го слаткиот компир на крукчиња и варете го во 2 л солена вода околу 15 минути.

Исечете ги бадемите на поголеми парчиња и пропржете ги без масло, на тефлон.

Измијте го кромидот и исечкајте го на ситни парчиња.

Исечкајте го лукот и помешајте го со лимоновиот сок и со соја-сосот, додајте го и маслиновото масло и зачинете по желба.

Процедете го слаткиот кромид, исушете го во крпа, а потоа пропржете го во малку маслиново масло „Брилијант“ на „Витаминка“, околу 2 минути.

 

БРИЛИЈАНТ маслиновото помас-масло има висока температура на горење поради што често се употребува во готвење, како и неутрален вкус што го прави совршен дресинг за салати.

Помешајте ги сите состојки и додајте малку свежо сирење.

Фото: @ourfourforks

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.